По 10 дена опсежна потрага по Данка Илиќ (2) од Бор, вчера стигна грозоморната вест дека девојчето е убиено, а сите надежи дека ќе биде пронајдена жива и здрава засекогаш згаснаа.
Работниците на „Водовод“ Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот признале дека девојчето го убиле со автомобил, а потоа телото го фрлиле на депонија. Сепак, две клучни детали остануваат мистерија – каде и како е скриено телото на Данка и како била убиена.
Полицијата и денеска продолжува со детална потрага по телото на убиеното дете, а осомничените во полиција изјавиле дека два дена по убиството го ископале телото и го закопале на друго место.
Српските медиуми информираат дека истрагата утврдила дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето, се вели во пријавата на мајката.
Во Бањско поле и утрово како и претходните денови владее молк. Низ селото минуваат мештаните кои се будни, молчаливи и со наведнати глави, а на местото каде што се претпоставува дека малата Данка Илиќ ја удрил автомобилот, има цвеќе и свеќи, каде мештаните и оддаваат последна почит.
На депонијата во Бањско поле речиси и да нема ѓубре, а штотуку пристигнало полициско возило.