Изминатиот викенд, Скопје беше домаќин на второто издание на Skopje Tattoo Show, настан на кој се претставија над 50 познати тату-мајстори од Македонија и странство и голем број љубители на уметноста и тетовирањето.
-Во два дена во Skopje Event Center, посетителите има ретка можност да бидат сведоци на вистинска магија на кожата. Светски признати тату уметници ги демонстрираа своите уникатни техники и стилови, претворајќи ја кожата во живо платно. Од реалистични портрети до апстрактни дизајни, секој уметник имаше можност да го покаже својот креативен потенцијал и вештина пред скопската публика, појаснуваат од организацијата на настанот.
Skopje Tattoo Show 2024 имаше и компетитивен карактер, и беа доделени награди за најдобрите тетоважи во повеќе различни категории.
Покрај тетовирање, конвенцијата изобилуваше и со музички настапи, за кои се погрижија THCF, Fire Show, Sarah Mace, Mario Arsov, Oky Doky, Soul Case, Bazel, Mongo & Omaru, Vaso, Chvare, Shorty P, Flooder и Pole People.
Сите средства од продадени билети на годинашниот Skopje Tattoo Show ќе се донираат за организацијата Специјална Олимпијада Македонија.
Вики Клинчарова