Граѓани денеска во 13 часот го блокираа булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје во знак на протест против трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Бараат правда и одговорност од институциите.
Фросина ноќта на 30 јануари со автомобил ја усмрти 20-годишниот Васил Јованов кој веќе имал криминално досие.
Одлуката на судот претходно да му го укине притворот на возачот дополнително го разгневи народот.
На протестот граѓаните ја блокираа сообраќајницата во знак на предупредување.
„Доста беше молк! Колку уште жртви треба да паднат за конечно некој да преземе одговорност?“ – порачаа демонстрантите.
Носеа транспаренти, а највпечатлив беше оној на кој пишуваше „„Сите одиме кај ист судија, а таму има само една правда“.