456
ДИК денеска соопшти дека најдоцна до 11 август сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се должни да ги утврдат ценовниците за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес, согласно со Изборниот законик кој за тоа има одредено рок од пет дена од денот на распишување на изборите.
-Во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите, најдоцна до 11 август 2017 година, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) се должни ценовниците да ги достават до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите да ги достават до Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупција, наведува ДИК.
Во периодот од утврдување на ценовниците до започнување на изборната кампања, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) се должни најмалку двапати јавно да ги објават ценовниците на своите програми, односно во своите изданија, и тоа во период од 11 август до 25 септември 2017 година.