Сите лица со попреченост целосно изземени од забраната за движење

by fokus

Владата на денешната седница донесе одлука за целосно изземање од забраната за движење за сите лица со попреченост со придружници.

За да го остварат ова свое право, за овие лица нема да се издаваат посебни дозволи и доволно ќе биде со себе да имаат медицинска белешка која ќе треба да им се презентира на полициските службеници доколку за тоа се укаже потреба, соопшти владината прес-служба.

Поврзани новости