602
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека овој бран тргна од моментот кога имаше рестриктивни мерки и тие не се почитуваа.
„Засега не доаѓа во предвид повторно воведување на рестриктивни мерки. Сега е жариштето во Скопје. Продолжуваме со овој начин на работа, поточно со овој пристап – вели Филипче.
Директорката на скопската Инфективна клиника, Милена Стевановиќ истакна дека тие исклучително сериозно го следат трендот на лекување и препораките кои ги добиваат од целиот свет.
„Според нашето искуство сметаме дека треба сите други методи да ги искористиме пред да ставиме пациент на респиратор – вели Стевановиќ.