Сите докази во предметот за Онкологија се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица, велат од Обвинителството

by Fokus

Основното јавно обвинителство Скопје во рамките на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија со барање од 13.09.2023, ги обезбеди сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување за финансиското работење на клиниката за периодот 01.01.2015 година до март 2023 година.

Нов тримесечен извештај за периодот до јуни 2023 година, согласно информациите добиени од Фондот, е во финална фаза на изработка и веднаш потоа ќе биде доставен до обвинителството.

Нагласуваме дека до овој момент воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година. Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица. Предистражната постапка не опфаќа одреден временски период и ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле. Секој што има дополнителни сознанија за овој настан има обврска да ги пријави до надлежните органи.

Поврзани новости