СИРИЗА бара од Мицотакис „да се разбуди“ и го обвинува Мицкоски дека го прекршува Преспанскиот договор

by Fokus

Грчката опозициска партија СИРИЗА недвосмислено го осудува, како што велат, новото кршење на Договорот од Преспа од страна на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Од партијата ја повикуваат тамошната влада на Кирјакос Мицотакис „конечно да се разбуди од дипломатска летаргија во која западна и да ги преземе предвидените дејствија, со цел Владата на Северна Македонија да се соочи со своите одговорности“.

СИРИЗА ја обвинува грчката влада дека „во име на својата неодговорна надворешна политика го ставила својот потпис на оваа штета на националните интереси, избегнувајќи сиве овие години какво било активно вклучување во Договоро, со цел да ги одржи внатрепартиските баланси“.

Нова демократија ревносно избегнуваше да го заштити Договорот, вршејќи притисок врз соседот за негово верно спроведување, а не се грижеше за развој на билатералните стратешки односи и улогата на Грција во Северна Македонија и неприфаќањето да ги ратификува постоечките меморандумите и потпишувајќи нови, при што сега се очигледни импликациите за нашите национални интереси, стои во партиското соопштение на СИРИЗА.

Од партијата на Стефанос Каселакис му се обраќаат и на премиерот Мицкоски. Го повикуваат „конечно да се помири со меѓународното право и реалноста и да разбере дека континуираните прекршувања на меѓународното право имаат предвидливи последици за процесот кон пристапување во ЕУ“.

 

Поврзани новости