Владини авиони бомбардираат цели во јужниот дел на Дамаск, што е под контролра на опозицијата, објави интернет страницата „Сирија Директ“.
Според сириската опозиција најмалку 70 воздушни напади и 30 касетни бомби биле фрлени во јужниот дел на градот.
– Авионите постојано дејствуваат, изјавија очевидци.
Сириската новинска агенциија САНА објави дека авионите извршиле прецизни напади врз квартот ал-Хајар ал- Асвад, тврдејќи дека тоа се позиции на Исламска држава.
Силите на Асад напредуваат на терен. Офанзивата почна во четвртокот. Активистите наведуваат дека се извршени повеќе од 400 воздушни удари.
– Обединети нации се загрижени за безбедноста и заштитата на десетици илјади цивили во јужен Дамаск, изјави Линда Том, портпаролка на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања на ОН во Сирија.
Со освојување на јужните области на Дамаск, Асад првпат од почетокот на војната ќе има контрола на целата сирисика престолнина.