Сирија има ново знаме, закачено е и во амбасадата во Москва

by Fokus

Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад беше соборен, а тој побегна во Москва.

Асад пристигна во Москва вчера вечерта, откако руското Министерство за надворешни работи објави дека тој доброволно одлучил да поднесе оставка и да ја напушти Сирија, оставајќи им на властите во Дамаск наредба мирно да им ја предадат власта на бунтовничките групи кои сега имаат контрола над сириската престолнина.

Бунтовниците закачија нови сириски знамиња во Дамаск и во амбасадите ширум светот. Дури и амбасадата во Москва го крена новото сириско знаме.

Новото знаме се состои од зелена, бела и црна боја. Во средината се три црвени ѕвезди на бела позадина.

Претходното сириско знаме имаше црвена боја на врвот наместо зелена. Покрај тоа, претходното знаме имаше две ѕвезди и тие беа зелени.

Поврзани новости