867
Парламентарните избори во Сирија, кои беа предвидени за 13 април, се одложени за 20 мај. Тоа е мерка за претпазливост против ширењето на коронавирусот, соопштија властите.
Во Сирија се уште не е регистриран ниту еден случај на заразен од корона вирусот.
Верските власти од своја страна ги укинаа неделните молитви во петок како и сите молитви во џамиите. Таа мерка ќе трае до 4 април.
Сириската влада во петокот соопшти дека ги затвора сите училишта, факултети и технички институти до 2 април. Исто така се запираат сите научни, спортски, културни и општествени активности.