Сириецот кој избоде турист во Берлин вели дека сакал да убие Евреи

by Fokus

Деветнаесетгодишниот Сириец Васим ал-М, кој во петокот со нож сериозно повреди шпански турист во Берлин, изјави дека сакал да убие Евреи од омраза.

Сириецот за време на испрашувањето изјавил дека одлуката за напад „созревала во неговиот ум веќе неколку недели“, објави Билд.

Напаѓачот добил право на престој во Германија во октомври минатата година.

Инспекторите, наводно, пронашле Куран, килим за молитва и ловечки нож во неговиот ранец, за кој што се сомневаат дека го користел за да го изврши нападот.

Сириецот одзади му пришол на шпанскиот турист и се обидел да му го пресече грлото, а животот му бил спасен само благодарение на брзата интервенција на итната помош.

Берлинската полиција го уапсила Сириецот околу три часа откако го извршил нападот.

Според „Билд“, Васим ал М. пристигнал во Германија во 2023 година кога имал 17 години, а без семејството пристигнал преку Србија.

Во јули истата година тој поднел барање за азил, наведувајќи дека бега од режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Поврзани новости