Сириец планирал самоубиствен напад во Германија

by Fokus

Сириец денеска е уапсен во Германија под сомнение дека планирал напад мотивиран од исламски екстремизам.

Федералната полиција соопшти дека полицајците уапсиле 28-годишен маж рано утринава во Хамбург.

Човекот е осомничен дека се обидел да дојде до супстанци преку Интернет што ќе му овозможат да произведе појас со експлозив „со цел да нападне цивили“.

Полицијата навела дека му помогнал неговиот брат (24), кој живее во Кемптен, на југот на земјата.

Според полицијата, мажите, чии имиња не се соопштуваат, биле мотивирани од ставовите на „радикалните исламисти и џихадисти“.

Поврзани новости