2
Тинејџер е убиен, а уште четири лица се повредени во напад со нож во австрискиот град Филах близу границата со Италија и Словенија.
Жртвата има 14 години, а напаѓачот, кој е приведен, е идентификуван како 23-годишен барател на азил од Сирија.
„Маж нападна минувачи со нож на централниот плоштад. Еден доставувач спречи поголема трагедија откако со своето возило удри во напаѓачот“, изјави портпаролот на полицијата Рајнер Дионизио.
Полицијата не ја исклучи можноста дека има и втор напаѓач. Мотивот не е познат, но истрагата ја презеде полицискиот оддел задолжен за екстремизам.