Сирените за воздушен напад се огласија во Киев, нови напади во Запорожје

by Fokus

Еден ден по разорните ракетни напади во Украина, утринава во Киев и во неколку други региони се огласија сирени за воздушен напад, објавија украинските медиуми, пренесувајќи дека Запорожје повторно е цел на руски ракетни напади, а во Виницја била погодена термоцентрала од камикази беспилотни летала.

Регионите во кои, покрај во Киев, се огласија и сирените се Запорожје, Чернигив, Виницја, Одеса, Суми и Днепар, јавуваат украинските медиуми.

Украинските служби за итни случаи соопштија дека во вчерашните масовни руски ракетни напади низ Украина загинале 19 лица, а 105 се ранети.

 

Поврзани новости