Сирени за тревога во Израел, погодени над 200 цели во Газа

by Fokus

Израелската армија погоди повеќе од 200 цели во крајбрежниот дел на градот Газа, означен како „гнездо на терористите“ на палестинската милитантна група Хамас.

Армијата објави дека ги уништила целите отстранети во населбата Ал-Фуркан, именувана по џамијата во тој дел од градот, кој беше цел на воздушен напад по третпат во текот на ноќта, пишува „The Times of Israel“.

Сирените за тревога се огласија во јужен Израел, во близина на границата со Појасот Газа. Многу заедници во близина на границата веќе се евакуирани од страна на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Според израелската армија, нападите врз Израел биле извршени од тој дел на градот.

Армијата наведува дека досега се погодени вкупно околу 450 цели, а во нападите учествувале десетици борбени авиони.

Претходно армијата соопшти дека авионите погодиле повеќе од 70 цели на Хамас во населбата Ат-Туфа во североисточниот дел на градот Газа.

Израелската армија соопшти дека ја гранатирала куќата на портпаролот на военото крило на Хамас, Абу Обеид, во Појасот Газа.

Убиството на високи членови на палестинската милитантна група Хамас е главен приоритет за израелската војска, изјави воениот портпарол Даниел Хагари.

Тој истакна дека во тие претреси во различни израелски градови на југот на земјата биле убиени девет терористи.

Поврзани новости