435
Двајца синови одзеле голема сума на пари од нивниот татко во Куманово, пренесува МВР. Како што додаваат оттаму, се преземаат мерки за расчистување на настанот.
„На 30.01.2019 година околу 16.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека куќа на улица „Драги Шутевски“ во Куманово, сопственост на Р.С.(65), неговите синови И.С.(29) и А.С.(18), кои не живеат во истата куќа, извршиле разбојништво над него. Сторителите физички го нападнале Р.С. и му одзеле 20.000 долари и 400.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, додаваат од МВР.