Синови ги тепаа татковците во Виница и во тетовско село

by irena 13:28
13:28

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Ј.(52) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Според информациите, на 15. овој месец во семејната куќа во Виница, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.

Доцна синоќа, пак, во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода В.Р.(22) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 57-годишен татко дека физички го нападнал во неговиот дом, при што употребил тврд предмет.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични вести