Евгениј Пригожин, водачот на руската платеничка група „Вагнер“, тврди дека синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, служел како топџија во борбените сили.
„Од сите мои познаници, ова ќе го кажам за прв пат, еден човек, Дмитриј Сергеевич Песков, кој своевремено имаше репутација на целосен либерал… Неговиот син, кој живееше дел од својот живот во Америка, ако не се лажам, или во Англија, дојде и побара да биде прифатен како обичен топџија. И тој се снајде апсолутно добро како обичен топџија стрелец до колена во кал и г***а во ‘Ураган’ [повеќеракетни фрлачи]. Малкумина знаат за тоа“, рече Пригожин во видео интервју со Александар Симонов, воен дописник на РИА ФАН.
Пригожин не го именуваше топџијата, но руските медиуми објавија дека Пригожин зборува за синот на Дмитриј Песков, Николај Песков. Пригожин, исто така, не прецизираше за кој временски период зборува и дали синот на Песков служел за „Вагнер’ во Украина.