409
Синот на легендата на македонската музичка сцена, Зафир Хаџиманов, Васил, заедно со својот колега Бојан Зулфикарпашиќ одржаа пијанистички концерт на планината Мосор.
На отворено небо, околу 500 љубители на музиката уживаа во изведбата на овие двајца пијанисти.
Свирењето на 700 метри надморска височина, ги инспирираше сите џезери, а Васил Хаџиманов на својот профил на Фејсбук пред концертот напиша „Едноставно неверојатно“, воодушевен од убавината на оваа планина.