Синот на експратеничката Солза Грчева, на локалните избори во Бугарија освои советничко место во Градското собрание на Софија. Андреј Зографски е магистер по економија и експерт за сообраќај.
Коалицијата ПП-ДБ и „Спас за Софија“ од чии родови доаѓа Зографски има најмногу места во Советот на Софија – 23, додека ГЕРБ – СДС освои 14 мандати, БСП за Бугарија – 9, Преродба – 8. Тројца општински советници ќе има партијата на Слави Трифунов Има таков народ и КОД, а еден – ВМРО, објавија бугарските медиуми.
Гласачите во Софија во првиот круг не избраа градоначалник, а битката во вториот круг закажан за 5 ноември ќе се води меѓу Васил Терзиев од „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ и Вања Григорова од локалната коалиција „БСП за Бугарија“. Терзиев на гласањето на 29 ноември освоил 31,8 отсто од гласачите, а Григорова 21,59 отсто.
Втор круг ќе има и во 22 општини во Софија, соопшти Централната изборна комија.
По објавувањето на кандидатура на Зографски за советник од страна на политичката партија „Спас за Софија“, тој беше мета на политичките противници, а во кампањата против него беше споменувано и неговото македонско потекло и дури и политичките ставови на Грчева како антибугарска кампања.
Пред да замине да работи во Софија, Зографски работел во компанијата „Кока Кола“ и оттаму е префрлен да продолжи со работата во истата компанија во Бугарија.