345
Синот на Евгениј Пригожин, 25-годишниот Павел Пригожин, презема чекори за да ја преземе командата со групата на Вагнер, објави Институтот за проучување на војната.
Според информациите, тој преговара со руската национална гарда Росгвардија во врска со повторното вклучување на оваа платеничка организација во борбите во Украина.
Од Институтот цитираат извор од Вагнер кој известува дека преговорите меѓу Павел Пригожин и Националната гарда вклучиле паравоена група која го задржала своето име, симболи, идеологија, команданти и управување.