97
Матијас Лукарели, синот на славниот италијански фудбалер и тренер – Кристијано Лукарели, е осуден на затвор поради силување, објавија италијанските медиуми.
Тој беше уапсен на 23 јануари 2023 година, под обвинение за групно силување на деветнаесетгодишно девојче.
Еден млад американски државјанин ги запознал Лукарели и жртвата, заедно со уште тројца момци ноќта меѓу 26 и 27 март 2022 година, во добро познат ноќен клуб во Милано.
Нешто подоцна ја однеле во станот на Матијас Лукарели, каде се случил нападот.