1K
Синот на реисот Сулејман Реџепи, Зеглул Реџепи денеска преку коментар на Фејсбук упати навреди кон претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Под веста дека Пендаровски разговарал со првите луѓе на МПЦ и ИВЗ, Реџепи напиша:
„Ова е секогаш лицето на оваа држава, како и секогаш со два аршини, г.Пендаровски не заборавај кога ти требаа гласови трчаше кај сите без разлика, добро е и сега да не правиш разлика!! За крај едно прашање за вас: на кого личите, на мајка ви, сестра ви или невестата.“
Инаку, Зеглул Реџепи е вработен како инспектор во Министерството за внатрешни работи.