1
Стефан Петрески, 15-годишниот син на фолк пејачите Зуица Лазова и Наум Петрески, ќе го има своето прво претставување на сцената на реномираниот музички фестивал на народна музика – Прилеп Фест.
Тој ќе настапи заедно со неговите родители на први ноември, во Домот на културата Марко Цепенков во Прилеп.
Покрај ова семејно-музичко трио, на фестивалот ќе земат учество и Перо Христов, Анета Љумаковска, Татијана Стефановска, Елена Велевска и други.
Инаку, Стефан е единствениот син на музичкиот пар. Ја имаат и ќерката Македонка, а пак Наум од претходниот брак ги има ќерките Анастасија и Сања.
За Стефан, кој минатата година беше полуматурант, Зуица откри дека свири на гитара. Македонка пак, студирала соло пеење.
Вики Клинчарова