Синот на Муса Џафери го нападнал Бислимовски, претседателот на РКЕ

by fokus

Доцна синоќа Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.Инцидентот бил снимен, а видеото се шири по медиумите и социјалните мрежи.

Наводно, причината за нападот врз Бислимоски е одлуката на Регулаторната комисија од 23 септември годинава да започне постапка за одземање на лиценцата за снабдување со електрична енергија на фирмата на синот на Муса Џафери.

Од РКЕ за Телма потврдиле дека се случил инцидент.

-РКЕ е работи согласно законот и единствно по што се водиме и ќе продолжиме да ги водиме постпките е врз основа на сила на аргументите, а не на физичка сила. Претседателот Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции. РКЕ како и до сега ќе продолжи да се води од постулатот на заштитата на потрошувачот и сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем, изјавила Марина Узунов, портпарол на РКЕ за „Телма“.

Поврзани новости