Синот на Кочо Анѓушев лансира моден бренд

by fokus

Синот на бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, 21-годишниот Огнен, лансира свој моден бренд. Станува збор за гардероба за жени, која на почеток на наредниот месец ќе се најде во продавница во центарот на Скопје.

Брендот е наречен ZERO, а младиот Анѓушев ја потврди веста за влез во модниот пазар за Машки Магазин.

Во интервју, тој појаснува дека завршил моден дизајн на престижниот италијански факултет Институто Марангони, бидејќи од мал имал пасија кон модата.
Понудата од неговиот бренд веќе може да се види на Инстаграм.

Секогаш се трудел да изгледа добро, бидејќи за него облекувањето било вид на изразување. Тој исто така открива дека на 21 година е реализиран како татко, и сака да минува време со семејството и пријателите.

В.К.

Поврзани новости