Синот на градоначалникот Јанчев и негов другар повредени во сообраќајка

by fokus

Петнаесетгодишниот син на Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, и негов врсник, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа.

Од МВР информираат дека несреќата се случила триесетина минути по полноќ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Гоце Делчев“ во Кавадарци. Дошло до судир меѓу автомобил „фолксваген пасат“, управувано од Н.А. (36) од Кавадарци, и мопед „априлија“, управуван од петнаесетгодишно момче и сопатник – негов врсник.

„Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле малолетниците и се пренесени во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Извршен е увид на местото
на настанот“, велат од МВР.

Поврзани новости