Федералната влада би можела да поднесе обвинение против Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, по истрагата за неговиот бизнис во странство.
-Ова е многу реално, тоа е сеопфатна истрага за потенцијално сериозни злосторства. Гледаме дека федералните обвинители во Делавер го прават токму она што би очекувале обвинителите да го направат во таква ситуација, рече Ели Хониг, правен аналитичар на Си-Ен-Ен.
Хониг рече дека истрагата за надворешните работи на Хантер се чини дека „се вжештува“.
Историјата на Бајден за употреба на недозволени супстанци и врски со меѓународните односи беше критикувана од републиканците некое време, а поранешниот претседател Доналд Трамп често го напаѓа Џозеф Бајден за борбата на неговиот син со зависноста и како што тој го нарече корумпиран бизнис во странство.
Првично, Трамп, од разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изврши притисок врз него да му помогне да ја објави поврзаноста на Хантер Бајден, кој работеше во Украина со корумпирана компанија за нафта и гас, пишува магазинот Хил, а пренесува Танјуг.
-Зошто сопругата на градоначалникот на Москва му даде на Бајден и на двајцата по 3,5 милиони долари? Тоа се многу пари. Би сакал Путин да го знае одговорот на тоа прашање. Тој треба да се изјасни, рече Трамп.
„Хил“ потсетува дека „Вашингтон пост“ оваа недела објави извештај кој ги потврдува деталите за бизнисот на Хатер во Кина.
Според некои наводи, Министерството за правда продолжува да ги истражува наводните незаконски обвинувања за лобирање консултантски компании поврзани со украинската енергетска компанија „Буризма“, во која Хантер бил член на одборот.
-Постои реални шанси сето ова да резултира со федерално обвинение. Се разбира, тогаш би биле на политичка територија без преседан, не на легална територија, туку во потенцијална ситуација кога Министерството за правда го гони и се обидува да го затвори синот на претседателот, додава магазинот во својата анализа за нелегалниот бизнис на Хантер Бајден.