Синот на Дац правеше свадба, младенците изненадија со модниот избор

by fokus

Синот на актерот и музичар Драган Спасов Дац, Јаков, се ожени со својата избраничка Софија.
Свадбената забава се случила вчера, а Јаков, кој тргна по стапките на неговиот татко и работи во Театар Комедија, и Софија, која е графички дизајнер и маркетинг менаџер, избрале интересна модна комбинација.

Од фотографиите кои ги објави актерот, се гледа дека и двајцата ја ставиле удобноста на прво место, па се обуле во патики.

Венчаницата на Софија исто така е впечатливо модно парче – кратки црни панталони, црно-бел горен дел на тенки рамки и бела долга наметка од тул.
Младенците наместо за традиционалната свадбена класика, кога е гардеробата во прашање, се одлучиле за креации кои им дадоа впечатлив изглед и уникатност.

-Сите мои деца, напиша Дац под фотографијата со својот подмладок, а за Софија уште пред една недела порача дека гледа на неа како не негова ќерка.

Вики Клинчарова

Поврзани новости