Синот на Бритни Спирс: Би сакал повторно да ја видам

by Fokus

Откако поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, претходно овој месец изјави дека нивните синови Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15) не сакаат да ја видат мајка им, Џејден изјави за британските медиуми дека и тој и Престон го сакаат само најдоброто за својата мајка.

Во серија интервјуа кои се уште не се емитувани, Џејден, како што пренесува весникот „Сан“, ѝ порачува на својата мајка: „Те сакам и ти посакувам само најдобро. Можеби еден ден ќе седнеме заедно и ќе разговараме нормално.”

Поврзани новости