Едно лице било застрелано синоќа во пукање што се случило во Арачиново, соопшти МВР.
Според информациите од МВР, едно лице го повикало четириесет и двегодишниот Ќ.Д. да излезе пред вратата на неговата куќа и го застрелал во левата нога.
-Синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога. Полициски службеници пристигнаа на местото на настанот и констатираа дека околу 20 часот, Ќ.Д. бил повикан од едно лице да излезе пред вратата на неговата куќа, по што лицето испукало кон него. На местото на инцидентот пронајдени се две чаури од огнено оружје, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.