496
Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје, вчера околу 22:00 часот на подрачје на Аеродром, ги лишиле од слобода М.Б.(22) и 16-годишен малолетник, двајцата од Скопје.
Како што информираат од МВР, тие се сомничат дека на 07.11.2022 околу 20: 30 часот во населба Лисиче-Скопје со закана со тврд предмет од малолетник од Скопје одзеле лични предмети.
Разбојниците биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава