Според најавите на министерот за здравство, Арбен Таравари, уште две здравствени установи добија нови директори.
На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8 Септември“, доаѓа доктор Синиша Стојаноски.
Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.
Со Институтот за јавно здравје, пак, ќе раководи Марија Андоновска.
Андоновска по професија е дипломиран стоматолог. Таа работи на Универзитетскиот стоматолошки центар во Скопје и е асистентка на Катедрата за болести за забите и ендодонтот.
Андоновска беше пратеничка во македонскиот парламент, а во моментот е советник во Советот на Град Скопје.
Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во други здравствени установи.