Синиша Алексовски: Не сум член на ВМРО-ДПМНЕ, немам никаква функција во партијата

by fokus

Поранешниот советник на претседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски тврди дека не е ниту член, ниту има некаква функција во ВМРО-ДПМНЕ.  Тој ова го кажа на прашање на таркото на едно од убиените деца, Горан Наќевски  кој го праша дали тие како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ  биле под притисок на ДУИ за тиранска платформа. На забелешка од судот дека не треба да сава такви квалификации, Наќевски рече “Па ВМРО е”.

-Не  сум член на ВМРО-ДПМНЕ и немам функции во партијата. Бев обичен државен службеник во кабинетот на претседателот кој немаше моќ во составување на таа влада, рече Алексовски.

Алексовски на почетокот на своето сведочење рече дека три пати се видел со семејствата на родителите на барање на Наќевски, чиј прв братучед, Оливер Наќевски, работел во личното обезбедување на претседателот Иванов. Тие од него барале да се забрза процесот и барале одговори на прашањата зошто Зоран Заев го споменувал Алексовски и каква е поврзаноста на автомобилт „опел омега“ со единицата „Алфи“.

Последно прашање на Алексовски му постави судијата Огнен Ставрев кој го праша дали по петкратнто убиство и откако тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска рече дека се работи за радикален ислам, се состанал Советот за безбедност. Алексовски рече дека и покрај грозоморниот настан имало неофицијални координации, но Советот за безбедност официјално не бил свикан.

Алесковски речиси никогаш не се појавува во јавност, а неговото име освен во „Монструм“ се поврзуваше и со упадот во Собранието на 27 април.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости