Дојде време да се разоткрие нашата реалност од митот на соживотот. Далеку сме, многу далеку од оваа реалност. ИВЗ во РМ, преку Програмата СТОП РaдТер се обидува да направи конкретни чекори, но сопките се чувствуваат во секој чекор. Благодарение на Господ, силно не поддржуваат меѓународните фактори, бидејќи имаме комплетно усогласување со нивните ангажмани и нивните стремежи за зачувување и негување на многуценетите западни вредности.
пишува Хаџи ефенди Сулејман Реџепи
Кон средината на месец jануари, ИВЗ во РМ го објави својот проект под наслов СТОП на радикализмот и тероризмот. Целта на проектот е да придонесе во зачувување на мирот и човечката сигурност во трите димензии, во земјата, регионот и во светот, преку активностите кои ќе го спречат радикализмот и вклучувањето во тероризам. Стратегијата на проектот опфаќа јавно осовестување за вистинскиот ислам и неправичната кауза на војната во Ирак и Сирија која се врши пропагирајќи го искривениот „ислам“; исправно сфаќање на правиот ислам за населението на другите верски верувања во Македонија како и, тоа што е најважно, редукција на социјалните бариери кои водат во дискриминација и маргинализација на цели групи на населението, создавајќи на овој начин поголеми можности за членовите на овие групи, да се радикализираат и вклучуваат во воените жаришта.
Првично, Проектот беше доставен до релевантните фактори во земјата , потоа до дипломатскиот кор во РМ и на крај до целата јавност, преку објавување во целина. Оваа поделба со сите учесници се направи со цел оформување на заедничи фонд од сите донатори со цел создавање можност за реализација на проектот.
Кои се првичните впечатоци од реакциите на државниот и на меѓународниот фактор? Ставот на меѓународниот фактор како и на муслиманскиот блок е изненадувачки. Мнозинството се построија на нашата страна, поддржувајќи не и мотивирајќи не во реализацијата на проектот. Но, од реакцијата на контролираните македонски медиуми избувна силна пропаганда против проектот, реакција, која ги изнесе на виделина фрустрациите и огнената желба за што подлабоко и континуирано влошување помеѓу мислиманите во земјата. Обидувајќи се на сам почеток да ја девалвираат Програмата на ИВЗ, всушност пренесоа една порака за сеопфатна ангажираност на разните фактори, со цел прикажување на муслиманите во земјата како елемент, кому за чест му служи чекан врз глава! Оваа омраза и оваа негативна енергија не само што зборува за антиисламски оптовар туку зборува и за ангажираноста за уривање на мостовите на соживот и за гетоизација, типично за едно расистичко општество.
ОБИДИ ЗА ДЕВАЛВАЦИЈА
Обидите да се девалвира овој проект започнаа од злонамерно погрешно толкување, од маргинализирање на непосредните проекти, придржувајќи се само на четвртата компонента за која, уште на почеток се вели дека останува во исчекување, и, до обидот на идентификување на проектот со некој „проект од Саудиска Арабија“! Но, зошто токму со тој од Саудиска Арабија? Државата не се занимава со проекти доследни за НВО како и за институции на заедници, туку се занимава со национални проекти кои се потпираат во долгорочни национални и државни стратегии. Оваа замисла за крајна цел има два стремежи: потсмевање со државните капацитети на Саудиска Арабија како и потсмевање со еден проект што извира од една исламска институција и што посочува оштри социјални проблематики кои влијаат во мирот и сигурноста на човештвото.
За жал, контролираните и диригираните новинари овој пат целосно се излишија од човечкото чувство кое сигурно дека во себе го имаат но, поради политички мизерен интерес, далеку го отфрлија. Нивна голема преокупација постана тоа како може„исламски терористи“ да бидат платени од државниот буџет, да се вработуваат и да бидат платени од овој буџет. Преокупација над преокупациите им постанаа нашите предлог проекти за ресоцијализација и реинтеграција на лицата што ќе се вратат (ако воопшто некогаш се враќаат!!! ) од воените жаришта од Ирак и Сирија, нивно вработување по занаетчиски фирми (бербери, пекари, занаетчии,столари идр.). Но, во суштина, конкретниот проект не ја опфаќа оваа компонента, но во програмите, социо-економската реинтеграција на поранешните војници останува нивен составен дел.
Ако се направи анализа на овој Проект, многу лесно ќе се забележи дека овааа компонента (четвртата компонента: Помагањето на поранешните учесници да постанат продуктивни членови на нивните заедници преку користење на нивните потенцијали за социјална и економска рехабилитација) останува во исчекување. Оваа компонента е само цитирана во Проектот, но не се елаборира во детаљи, и следствено не е опфатено во буџетот. Но, во Проектот е опфатена како идна активност која треба да биде посочена од актерите што работат во социо-економската реиинтеграција на поранешните војници. Значи, спомнувањето на оваа компонента, е направено со намера да се покаже во целост табелата на залагања за кои треба да се инвестира, ако сакаме мирен живот и здрави заедници. И, ова не е наше откритие, тоа се програми кои се составуваат и се применуваат во целиот свет, како неопходна стратегија за зачувување на мирот и сигурноста
Пример, да ја оставиме литературата и развојната стратегија, и да пристапиме на оваа компонента практички, како прости граѓани.Тие што се соединиле со терористичките сили во војна во Ирак и Сирија, во наша надлежност или не, тие еден ден ќе се вратат во своите семејства. Не се знае кога ќе се враќаат, колкумина ќе се враќаат и дали воопшто некој ќе се врати. Исламската Верска Заедница во РМ за таквите платеници, го има поддржано државниот закон кој ги санксионира сите што ќе учествуваат во туѓи војни. Следствено, ИВЗ, не може да е против нивното законско санксионирање. Но, што понатаму,што ќе се случува со таквите, додека ја издржуваат казната затвор од пет години, и што по издржување на казната? Што ако бројот на оние што ќе се вратат ќе биде, на пример, над 100-ина! Во чии раце ќе бидат оставени тие трауматизирани луѓе, фрустрирани и психички дестабилизирани. На кое општество ќе му бидат од корист таквите личности? Со цел обезбедување сигурен живот на идните поколенија потребно е да работиме на тоа. Несомнено дека, државата не мисли така како што мислат неколку псевдоновинари кои се обидуваат да градат кариера постојано напаѓајќи ја ИВЗ и исламот во земјата. Сите затвори во земјата, пренатрупани со убијци, насилници, крадци и политички затвореници, ги згрижуваат и третираат истите од државниот буџет. Сите затвори, несомнено, сите спроведуват разни програми со цел подготвување на затворениците за ресоцијализација и нивна реинтеграција. По нашите затвори несомнено дека има десет пати повеќе криминалци и убијци отколку што може да има муслимани од Македонија низ воените фронтови во Ирак и Сирија. Затворениците во нашите затвори учат разни занаети, мајстори, столари, автомеханичари, автоелектричари, пекари, угостители, бербери, ѕидари, малтерџии идр .
АМНЕСТИЈАТА НЕ Е НЕШТО АПСТРАКТНО, НЕШТО НЕВОЗМОЖНО!
Законите подлежат на измени, значи, тие се привремени. Што би се случило ако еден ден се создаде широк фронт од алеати во кој би се вклучил и Македонија, и, ако во оваа алијанса бидат вклучени и дезертерите од редовите на ИСИС со гаранција за нивна амнестија од страна на државните органи од кои доаѓаат? Амнестијата не е нешто апстрактно, нешто невозможно! Од друга страна, што ако и нашето општество се соочи со феноменот на „семејно бегство“ на фронт? Што ако по платеникот идат и сопругата и малите деца, бебињата! Што вели постоечкиот закон за нив? Ако некој ден се враќаат, зарем сите ќе завршат во затвор, дури и бебињата или децата 5, 6, 7… 10-15 годишни? Овие членови на семејството, сепак, би се вратиле од земјите изгорени од пламен и барут, би се вратиле душевно убиени, трауматизирани. Кој би бил покриминалец: овие несреќници кои ја очекуваат помошта од општеството, или општеството кое ги маргинализира преку јавно барбарско жигосување!
Значи, фокусирањето на вниманието само на четвртата компонента, само цитиран во Проектот, кој останува во исчекување и кој се залага да ги издигне хуманите вредности на едно општество, исмејувањата и потсмевот што се прават за оваа компонента се намерни, и, преку нејзино исмејување и потсмејување, се стреми кон девалвирање на целиот проект, занемарувањето на широка низа на активности на сите домашни, државни, академски и верски структури кои се опфатени во првите три компоненти кои, стремеат осовестување, промовирање на социјално овклучување и психо-социјална помош за жени и деца на почувствителните категории на општеството.
Што има лошо во тоа ако се заангажираме сите верски структури (муслимани, христијани, евреи и протестанти), преку медиумски контакти, преку разни конференции, преку средби со структурите од централните и локалните институции, преку промовирање на вистинските верски вредности да влијаеме во правичната употреба на верската терминологија, која, во последно време изразува само омраза и потсмев против исламот. На пример, ИВЗ и сите теолози муслимани во земјата сметаат дека тие што побегнале од воените жаришта од Ирак и Сирија се плтеници и криминалци, додека многу новинари тенденциозни, таквите ги нарекуваат муџаедини и паднати шехиди! Оттука, се поставува прашањето, кој е покомпетентен во давање на точни квалификации, исламолозите или атеистите, или пак оние што немаат врска со исламот (да не би се кажало непријателите на исламот)! Kриминалецот може да има партија, идеологија,но вера никогаш не може да има. Во ниту една небесна вера нема место за криминалците, за терористите. Од каде тогаш „исламските терористи”, “исламските радикалисти” идр? Јас еднаш кажав дека: не е искрен муслиман тој што ги квалификува “христијанските терористи” или “радикалното христијанство”! Значи, внимателното користење на верската терминологија најмногу му е потребна на Македонија отколку на која било друга држава. Токму за ова се грижат опфатените проекти во втората компонента на Проектот.
И, додека да ни се враќаат манипулираните платеници, зарем не вреди да се погрижиме и за дестигматизирањето на членовите од семејството, на децата, на жените, на мајките, на сестрите на оние кои веќе се во неразумни фронтови во Ирак и во Сирија! Зарем не може преку разни форми да им се испружи рака за помош, да се работи со сите тие кои стигматизираат без смисла и без никакво право. Оваа човечка активност е опфатена во третата компонента.
Нашето општество има многу работа. Дојде времето да ја разоткриеме нашата реалност од митот на соживот. Далеку сме, многу далеку од оваа реалност. ИВЗ во РМ, преку Програмата СТОП РaдТер се обидува да направи конкретни чекори, но сопките се чувствуваат во секој чекор. Благодарение на Господ, силно не поддржуваат меѓународниците, бидејќи имаме комплетно усогласување со нивните ангажмани и нивните стремежи за зачувување и негување на многуценетите западни вредности.
(Aвторот е поглавар на ИВЗ во РМ)