Бранителот на титулата на Австралија опен во Мелбурн, Италијанецот Јаник Синер денеска се пласираше во финалето на тој турнир, откако по три сета го совлада 20-от светски играч Американецот Бен Шелтон со 7:6, 6:2, 6:2.
Тенисерот број еден во светот победи по два часа и 36 минути и по третпат во кариерата се пласираше во финалето на Грен слем турнир.
Шелтон направи брејк во првиот гем од првиот сет, а Синер го врати брејкот во четвртиот и израмни на 2:2. Потоа тенисерите добиваа гемови на свои сервиси до 11. кога Американецот повторно му го одзеде сервисот на Синер и поведе со 6:5.
Шелтон потоа сервираше за сет, но Синер успеа да спаси две сет-топки, брејк и го освои тајбрејкот. Беше убедлив во тај-брејкот, го доби со 7:2 и поведе во мечот.
Актуелниот шампион продолжи да игра посигурно, во следните два сета направи по два брејка и се пласираше во финалето.
Тој имаше проблеми со левата тетива и десната натколеница во текот на натпреварот и му беше потребна помош од физиотерапевт.
Синер стана најмладиот тенисер по Џим Куриер во 1992-1993 година кој играл во финалето на Австралија Опен две години по ред.
Италијанецот в недела во финалето ќе игра против Александар Зверев од Германија, кому претходно денеска српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му го предаде мечот поради повреда.
Синер досега има освоено два Грен слем трофеи, двата лани – Австралија Опен и УС Опен.
Зверев се уште нема грен слем титула.