Синдикатот на УПОЗ се закани со штрајк, бара оставка од Караџосски

by fokus

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судски службеници упати последен апел за сериозно решавање на  нивните барања и најавија дека доколку во наредните денови не се најде решение ќе организираат штрајк.

Датумот на организирање на штрајкот, како што рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Груевски на прес-конференција, дополнително ќе биде одреден доколку не се дојде до конечно решение.

Истакнаа дека бараат Владата да најде решение, бидејќи не веруваат во претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџоски и воедно побараа тој да си поднесе оставка.

Меѓу барањата се враќање на задржаните 40 отсто од платите за време на штрајкот во 2016 година, повисоки плати за пет отсто од јануари и дополнително зголемување со ребаланс на буџетот во наредната година, носење на законот за судски службеници.

– Не може да се работи со немотивирана судска администрација. Револтот е огромен, особено по донесување на одлуката за додаток од 35 отсто  на платата само на судиите, а не и на судските службеници, рече Грујоски.

Според Борче Мирчевски, претседател на Здружението на судска администрација  оваа власт покажува повеќе разбирање, но оти досега немаат некое цврсто ветување.

Додаде дека нема да се откаќат додека не се остварат барањата без разлика на резултатот. -сите добија додаток до 35 отсто освен администрацијата, револтот е пораснат, рече Мирчевски.

Очекуваат до крајот на годината да се решат проблемите, а за утре веќе се надеваат на средба со министерката за правда.

Поврзани новости