Синдикатот на УПОЗ поднесе барање за средба со Мицкоски: Ако нема дијалог, можни се штрајк и тужби за државата

by Fokus

Синдикатот на УПОЗ објави дека поднеле барање за средба сo Владата и дека доколку не се постигне договор, не се исклучуваат порадикални чекори. Вработените во неколку министерства и државни институции кои и денеска излегоа на протест, барајќи 30 проценти повисока плата и потпишување колективен договор, размислуваат и за штрајк и за тужби за државата доколку нема дијалог.

„Бидејќи дијалог не се води преку соопштенија и преку Вас медиумите, Синдикатот на УПОЗ денес поднесе формално барање за средба со Претседателот на Владата на Р. Македонија, со која бараме повторно продолжување на дијалогот кој еднострано беше прекинат од страна на Министерството за финансии со одбивање на предложените Колективни договори за додатокот на плата за овие вработени кои се тука со нас” – кажа на прес конференциајта Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Исто така додаде дека вработените очекуваат Владата да покаже разбирање и да ја прифати оваа подадена рака од Синдикатот на УПОЗ, за изнаоѓање на решение на нивните барања.

„Во спротивно ќе бидеме приморани повторно да ги активираме протестите како и да ги искористиме сите со закон дадени можности за изразување на незадоволството на работниците до остварување на барањата“ порачаа од Синдикатот на УПОЗ.

Поврзани новости