Синдикатот на УПОЗ и денеска на протест пред Уставен поради запрената исплата на зголемувањето за 30 отсто на платите

by Fokus

Членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) и денеска излегоа на протест пред Уставен суд поради времената мерка на Уставниот суд за зголемувањето на платите за 30 отсто на вработени во МФ и органите на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот.

Тие велат дека на протестот ќе излезат членови од од Министерството за финансии, Управата за имотно-правни работи и Бирото за јавни набавки.

Уставниот суд донесе времена мерка со која се замрзна исплатата на надополнувањето на основната плата за 30 проценти на вработените во Министерството за финансии и вработените во другите органи на управата, кои се опфатени со автентичното толкување.

Поврзани новости