Синдикат на полицијата во Македонија преку соопштение денеска побара од Министерството за внатрешни работи решавање на нивните проблеми со униформите и со неисправните службени возила.
-Ги „украсивте“ полициските станици, а полициските службеници се возат во неисправни возила, униформата се уште ја нема комплет, зимата кај и да е доаѓа, а младите колеги, бројка и до неколку илјади и понатаму ќе мрзнат со популарната јакна тешка не повеќе ни помалку од „300 грама“. До кога полициските службеници ќе ги извршуваат службени задачи прошарани со униформа „кој од каде ќе се снајде“ и до кога ќе се радуваме на донации господа од Министерството, се наведува во соопштението.
Од Синдикатот на полицијата велат дека правдата е на нивна страна и дека нивната цел не е само да седнат во удобни фотељи туку и да се изборат за подобри услови за работа. Според нив од надлежните во МВР зависи дали паролата „Задоволна полиција- безбедни граѓани “ ќе се постигне или не.