Синдикатот на македонската дипломатска служба во врска со кавгата меѓу економскиот промотор за САД, Оливер Ристиќ, претставник на Агенцијата за странски инвестиции на РМ и Обединетата македонска дијаспора (ОМД), констатираше дека и’ се прави голема штета како на Република Македонија, но и на организацијата ОМД.
-Тргнувајќи од тоа дека улогата на економскиот промотор на РМ во САД Оливер Ристиќ е, или барем би требало да биде строго лимитирана на привлекување странски инвестиции, извесно е дека под маската на „лично мислење“ пречекорени се не само узусите на една лична култура туку е злоупотребен контекстот на државен интерес за да се изрази очигледно повеќемесечна фрустрација на крајно несоодветен начин од кој е видливо дека Ристиќ не поминал ниту елементарна дипломатска обука, се вели во реакцијата на Синдикатот.
Синдикатот додава дека повлечување на Ристиќ и една недела пред завршувањето на неговиот мандат ќе значи дека државата води сметка за своето реноме , но тие не веруваат дека тоа ќе се случи.