Синдикатот на Југохром испрати писмо до премиерот Зоран Заев со кое бараат средба на кое ќе се разговара за статусот на компанијата. Од таму наведуваат дека еднаш веќе побарале неодложна средба, но поради неразбирливи причини не седнале на маса со Заев.
Синдикалците од Југохром предупредуваат дека ако и оваа недела не се сретнат со премиерот, под притисок на вработените ќе бидат приморани да излезат на протести пред владата.
Денот за средба како што наведуваат во писмото, го оставаат на премиерот и додаваат дека оечкуваат негова покана за разговори.
Иако беше најавено почнување со работа на Југохром, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули на крајот на април рече дека Инвеститорот си презел обврските заисполнување на еко-стандардите, но не ги исполнил.
„Ние сме решени Југохром да не може да работи сѐ додека не се исполнат сите услови за дозволата што ја имаат“, рече тогаш Макрадули.