Синдикатот на ЈСП: Арсовска си зема плата, а ние сме гладни

by fokus

Африм Муча, претседател на независниот синдикат на возачите во ЈСП Скопје на денешната прес-конференција најави дека утре рано наутро заедно со семејствата ќе протестираат пред седиштето на ЈСП, ако денеска не им биде исплатена септемвриската плата, а автобусите нема да возат.

-Утре се договоривме да дојдеме со семејствата во 4.30 часот сабајле. Градоначалничката и Градот Скопје земаа плата, тие се со полни стомаци, ние сме гладни. Денеска е 19ти, кога ќе добиеме плата, кога ќе јадеме? И ние имаме деца како што таа има деца и како што директорот има деца, рече Муча.

Тој додаде дека не знае кој го организира денешниот протест пред Влада и нагласи дека криви за тоа што се уште немаат земено плата се Арсовска и директорот на ЈСП.

Поврзани новости