Синдикатот го става штрајкот во мирување додека не постигнат договор за платите во наставата

by Фокус

Самостојниот синдикат за образование и наука и култура (СОНК) го става во мирување штрајкот до период на изнаоѓање решение заедно со Министерството за образование.

Како што изјави денеска претседателот на СОНК Јаким Неделков, синдикатот чека Министерството за образование да се изјасни што побрзо за нивните барања во колективниот договор да се вгради исплатата на прекувремена работа, да се исплаќаат патни трошоци итн.

Министерот за образование, Арбер Адеми, пак, истакна дека МОН и СОНК имаат одлична комуникација, изразувајќи надеж дека во најбрз временски период ќе се постигне договор за зглемување на платите.

Поврзани новости