Синдикатот го потсети Ковачевски за ветувањето за зголемување на платите на вработените во МИА

by fokus

Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА) денеска преку соопштение го потсети премиерот Димитар Ковачевски за ветувањето кое го даде во неодамнешното интервју за Медиумската информативна агенција (МИА) дека барањето за зголемување на платите на вработените ќе биде ставено на дневен ред на владина седница.

-Во интервјуто дадено на 6 август, премиерот нагласува дека исклучително ја цени улогата и значењето на државната МИА и дека очекува прашањето за усогласувањето на платите на вработените да се реши брзо, на некоја од наредните владини седници. Од тие причини, бараме на следната седница, Владата да ја разгледа и и да ја усвои точката за зголемување на бодот и дополнително да се усогласи со покачувањето според Општиот колективен договор (ОКД), се вели во соопштението.

Барањето на менаџментот на МИА е покачувањето на бодот да биде 16,7 проценти, а синдикатот бара зголемување за 30 проценти како што тоа е направено во Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Царината.

Поврзани новости