475
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), денеска на прес-конференција ќе информира за проблемот кој ќе се јави во управата и правосудството, доколку платите на вработените скалесто не се усогласат со новата вредност на минималната плата.
Синдикатот на УПОЗ најави дека ќе презентира предлози за решавање на овој проблем и активности кои синдикатот ќе ги преземе за изразување на незадоволството на вработените ако нивните барања не бидат исполнети.