288
Вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46.198 денари, соопштија од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19.668,36 денари отпаѓаат на храна и пијалаци, а најмалку на одржување на здравјето, 1,88 проценти или 837,18 денари.
За домување во октомври биле потребни 13.716,86 денари или 30,73 отсто, за хигиена 3.267,42 денари или 7,32 проценти, за превоз 3.735 денари или 8,37 отсто, за облека и обувки 2.343,63 денари или 5,25 проценти, а за култура 1.067,86 денари или 2,39 отсто.