Син нападнал татко во скопско, а во Штип татко го нападнал синот со остар предмет

by Fokus

МВР информира дека завчера попладне во 17.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен маж од Скопско пријавил дека околу 17.00 часот пред семејната куќа бил физички нападнат од неговиот син О.В.(18).

По целoсно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера попладне, пак, во Штип, во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.Ч.(59) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговата 53 – годишна сопруга и нивниот 35 – годишен син и им се заканувал со остар предмет.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости