Син ми не пие, но брзо вози, вели таткото на момчето од Загреб што со автомобил удри во луѓе

by Fokus

Тaткoто на 23-годишниот Јан Ерлих од Загреб, кој синоќа удри во автомобил и луѓе на паркингот во трговскиот центар „Супернова“ во Бузин за хравтските медиуми изјави дека неговиот син не пие, но дека добивал казни за брзо возење.

Пет лица беа повредени синоќа во сообраќајна несреќа на ненајавен автомобилски собир.

Таткото на младиот возач е Јанко Ерлих-Здворжак, претседател на „Здружението на повреди на ‘рбетот“ во Загреб и член на „Братството на хрватскиот змеј“. Ерлих-Здворжак е лице со посебни потреби. Тој е во инвалидска количка од 1982 година,  кога по скок во Јарун го оштети ‘рбетниот мозок, пишува Индекс.хр.

„Мојот син добиваше казни за брзо возење, но вакво нешто досега не се случило.  Јан моментално е во полиција“, вели таткото.

На прашањето од каде неговиот син добил скап и моќен мерцедес, бидејќи е студент, Ерлих-Здворжак вели дека дел платил тој, а дел неговиот син.

„Купува и продава автомобили, па штеди пари. Учи, но ова го прави на страна“,изјави таткото  за Индекс.хр.

„Сигурно не ми почна добро за викендот. Се надевам дека ваквиот шок што го предизвика нема да влијае премногу на пресудата бидејќи навистина ми треба и ми помага во секојдневните активности“, изјави Ерлих-Здворжак за Јутарњи.

Загрепската полиција започна кривична истрага против Јан Ерлих кој вчера со неговиот мерцедес на паркингот во трговскиот центар „Супернова“ налета на тројца пешаци и автомобил во кој се повредени уште две лица.

Како што извести полицијата утринава, три лица се тешко повредени, а две полесно.

Поврзани новости